Почина Љубиша Георгиевски

Утрово на 81 година почина театарскиот и филмски режисер, драмски писател, теоретичар на театарот и професор по театарска режија и актерска игра Љубиша Георгиевски.
Роден е на 30 мај 1937 година во Битола. Дипломирал на Академијата за театар, филм, радио и телевизија, група „Театар и радиорежија“, во Белград 1974.
Ќе остане запаметен и како кандидат за претседател на Р. Македомија во 1994-та година, а беше амбасадор во Бугарија од 2000-2004 и претседател на Собранието на Република Македонија од 2006-2008.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.