Почнаа преговорите меѓу Иран и групата „пет плус еден“

Претставниците на земјите од групата „пет плус еден“ и Иран ги започнаа во вторникот преговорите во казахстанската престолнина Алмати, во обидот да ги надвладеат разликите и да стават крај на кризата со иранската нуклеарна програма.Според изворите од групата, САД, Русија, Кина, Велика Британија, Франција и Германија, големите сили треба да предложат ублажување на санкциите за Иран, истовремено барајќи од Техеран да прекине со збогатувањето на ураниумот на 20 отсто и затворањето на подземните нуклеарни постројки крај градот Форду.На овие разговор, кои се први по осум месеци, откако во 2012 година претставниците на „шестката” и Иран одржа три рунди разговори, и тоа во Истанбул (14-ти април), во Багдад (23-ти и 24-ти мај) и Москва (18-ти и 19-ти јуни) кои завршија без напредок, а претходно, пак, разговори меѓу „шестката” и Иран не беа одржани повеќе од една година, исто така, не се очекува особен напредок Меѓутоа дипломатите се надеваат дека ќе постигнат договор за продолжување на разговорите и чекорите за ублажување на напнатоста.Иран почнал да ги инсталира напредни центрифуги во својата главна постројка за збогатување ураниум, во близина на градот Натанз се поставуваат 190 ткн IR-2m центрифуги кои  се уште не се оперативни. Доколку тие бидат успешно ставени во погон, според експертите, тие постројки би му овозможиле на Иран значително да го забрза акумулирањето на материјалот за кој западните сили стравуваат дека може да биде искористен за производство на нуклеарно оружје.Во саботата Организацијата за атомска енергија на Иран (AEOI) соопштени дека пронајдените нови наоѓалишта на ураниум ќе му овозможат на Иран резерви од ураниум во размер од 4.400 тони, откако веќе триесет години наназад иранските резерви на ураниум се проценуваат на околу 1.500 тони.Збогатување на ураниум до 20 отсто е централниот проблем на ткн „иранско нуклеарно досие”. Имено, ураниумот збогатен до 20 отсто, според експертите, брзо може да се претвори во високо збогатен до 90 отсто, кој се користи за производство на нуклеарно оружје. САД и некои други западни земји и Израел се сомневаат дека Иран развива нуклеарно оружје под маската на цивилна нуклеарна програма. Техеран, пак, тврди дека неговата нуклеарна програма е насочена само за задоволување на потребите од електрична енергија во земјата.
МакфаксПретставниците на земјите од групата „пет плус еден“ и Иран ги започнаа во вторникот преговорите во казахс

Пронајдете не на следниве мрежи: