Почна лотаријата за билети за Виенскиот концерт: Аплицирајте до 28 февруари, може да добиете 2 билети

На најпопуларниот и најпознатиот новогодишен концерт кој секоја година се одржува на 1 јануари во Виена може да присуствувате доколку учестувавате во лотарија. За да дојдете до билет мора да се пријавите, а пријавите се собираат најдоцна до 28 февруари.


Извлекувањето на среќните добитници е во март. За новогодишниот концерт може да добиете по два билети за човек, а цената е од 25 до 1000 евра.
Првиот новогодишен концерт во Виена бил изведен во 1939 година, а на програмата секогаш се валцери, полки, чардаши…

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.