Почнува годината на свињата: Кинезите се подготвуваат за Нова година, а децата ги чекаат посебни изненадувања

Ширум Кина во тек се подготовки за дочек на Нова година, која Кинезите ја слават според лунарниот календар на 5. февруари, а според кинескиот хороскоп по “годината на кучето”, следи “годината на свињата”.
Кинеската нова година е најважен празник за Кинезите ширум светот, кога стотина милиони луѓе одат на пат за да го прослават со своите семејства. Тоа е период на најголемите миграции кои во светот се случуваат секоја година.
Кинеските власти очекуваат дека во наредните 40 дена на нивната територија ќе има речиси три милијарди патувања на кои луѓето ќе тргнат со авиони, возови или авиони.
Кина во вторник го прославува почетокот на годината на свињата, а за најмладите тоа ќе биде посебна можност да ја гледаат новата епизода од популарниот цртан филм “Прасето Пепа”, британски анимиран филм за деца во претшколска возраст.


“Прасето Пепа” неодамна било на мета на критики на кинеските власти и некои епизоди биле цензурирани на некои интернет платформи.
Серијата е толку популарна во Кина што се продава облека, шолји и часовници со ликот на симпатичната Пепа и нејзиното друштво. Последните недели продавниците се посебно снабдени со кадифени играчки со нејзиниот лик.


Епизодата “Прасето Пепа слави кинеска Нова година” ќе биде емитувана за време на распустот и во текот на обележувањето на Новата година.
Властите направиле список на филмови за време на распустот и ја ставиле и таа епизода, иако претходно го критикувале комерцијалното влијание на Пепа.
Станува збор за британска детска анимирана ТВ серија, која премиерно е прикажана на 31-ви мај 2004-та година. Серијата е емитувана во повеќе од 180 држави.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.