По гласините дека му е љубовница на сопругот на Карлеуша, се огласи Сораја

Оваа година дефинитивно тргна турбулентно за брачниот пар Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ.
Имено, откако на почетокот на годината се појавија вести дека наводнот парот се разведува, во медиумите се појавија и експлицитни фотографии кои наводно Јелена ги праќала на босанскиот фудбалер.
Карлеуша истакна дека станува збор за монтажа.
По медиумите често се појавуваат написи за парот, па така се пишуваше дека наводно тие се развеудваат.


Една од низите на вести или шпекулации е дека наводно Душко ја изневерувал Јелена со српската старлета Сораја Вучелиќ.
Наводно, толку бил обземен и маѓепсан од неа што наводно и купил „Картие“ нараквица обложена со дијаманти од 60.000 евра. Тоа не било сè, Вучелиќ одела во Истанбул кај сопругот на Карлеуша додека тој играл за турскиот „Бешикташ“, а Душко ѝ ветувал дека ќе се разведе од Јелена и неа ќе ја претстави како неговата нова девојка, пренесува српски Курир.


По овие пишувања се огласи и самата Сораја која на социјалните мрежи напиша:
„Браво, вмешајте ме во уште некоја афера, нависитна не знам каде е крајот“ напиша Сораја.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.