По жестокото гранатирање на Харков се огласи ВВЅ: 11 мртви и повеќе од 40 ранети во хипермаркет, црниот биланс расте

Најмалку шест лица загинаа, а повеќе од 40 се ранети во руското гранатирање на хипермаркет во Харков, објавија локалните власти.Од друга страна, три лица загинаа, а десет се повредени во Белгород по ракетен напад на украинската армија, соопшти Кремљ. Унгарија ја блокираше исплатата на руски пари за купување оружје за Украина, пишува Фајненшл тајмс.Украинскиот град Харков беше гранатиран неколку пати – најмалку шест лица загинаа во нападот на хипермаркетот, а повеќе од 40 се повредени, објави началникот на воениот округ Харков, Олег Синегубов.БиБиСи: 11 мртвиСпоред британскиот Би-Би-Си, кој се повикува на првиот човек на воениот округ Харков Олег Синегубов, црниот биланс се зголемил на 11 лица, шестмина загинале на лице место, најмалку 40 се ранети, а 16 лица се водат како исчезнати.Откако руските сили ја нападнаа продавницата, украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика светските лидери да обезбедат поголема заштита од воздушни напади.Од друга страна, рускиот град Белгород претрпе ракетен напад во кој загинаа три лица, а 10 се повредени, соопшти гувернерот Вичеслав Глатков.Унгарија го блокираше одобрението на ЕУ за користење на средствата добиени од замрзнатите руски средства за купување оружје за Украина, изјавија за Фајненшл тајмс пет амбасадори од земјите-членки на ЕУ. Станува збор за 190 милиони долари.Војската на Украина во Доњецк соопшти дека соборила уште еден руски авион Су-25, осми по ред во изминатите 20 дена, што го потврди и Зеленски.Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ги повика сојузниците да ја укинат забраната Украина да користи оружје на Алијансата во нападите врз воени цели на територијата на Руската Федерација.

Пронајдете не на следниве мрежи: