По изборите “Северна“ на фасадата на Владата

Како што изјави денес генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски новото име на државата ќе биде поставено на фасадата на Владата по изборите.
– Тоа е процедура што налага тендерски постапки и можете да очекувате тоа да се случи по завршување на изборите, согласно тоа дека за време на избори тендерски постапки што не се во годишниот план за јавни набавки не може да се спроведуваат, рече Рашковски, одговарајќи на новинарско прашање по средбата со претставниците на Меѓуресорската работна група за спроведување на Законот за употреба на јазиците.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.