По неа полуде целиот интернет, а на 47 години изгледа како девојка

Шапрел Далас е 47-годишна фитнес инструкторка од Флорида која има околу 30 илјади следбеници на Инстаграм. Но, она по кое Шапрел се издвојува од масата е дефинитивно фактот што благодарение на спортот и здравиот начин живот, таа изгледа како 20-годишна девојка.
Дека годините ѝ ласкаат, најдобро покажуваат нејзините инспиративни фотографии. Шапрел честопати објавува фотографии во истата облека, поза и локација на која се фотографирала пред 20 години, а резултатот е неверојатен – таа навистина не старее.


Голема поддршка и пример ѝ е остатокот од семејството кој исто така е наклонет кон спортот – нејзиниот сопруг Патрик е спортски тренер, а ќерката Дестини е тинејџерка која веќе има своја книга и е основач на онлајн клуб на млади уметници.
Далас сепак најмногу ја смеат коментарите дека е сестра на нејзината 18-годишна ќерка:
“Луѓето често нѝ велат дека изгледаме како сестри, што за мене е неверојатно”, изјавила 47-годишната фитнес ѕвезда.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.