По неколкумесечна врска се вери Дунавка Трифуновска, еве кој е нејзиниот избраник

Манекенката Дунавка Трифуновска и Ване Цветанов, поранешен директор на Агенцијата за спречување перење пари и финансирање тероризам, се свршија.
Цветанов оваа вест ја сподели на социјалните мрежи, во новогодишната честитка. Имено, тој напиша дека 2020-та година е една од најзначајните за парот.
„Благодарение на Бога, токму тоа лето Господово го отворивме најубавото љубовно-животно поглавје. Се надеваме дека Бог ќе нè благослови со сето она што е потребно за да напишеме убави страници и во новата 2021-ва година. На сите добри луѓе им посакуваме многу среќа, љубов, здравје, бериќет, успеси, радосни и многу позитивни моменти во новата 2021-ва година“, напиша тој.


Цветанов воедно беше оној кој пред неколку месеци ја обелодени врската со Трифуновска.
„Во принцип ретко објавувам приватни фотографии, но кога започнувам љубовна врска со жена во вистинска смисла на зборот, мојата врска ја објавувам јавно“, напиша тогаш тој.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.