По овој трик за чистење на машината “полудеа“ домаќинките

Од машината излезе еден куп нечистотија откако го испробав овој трик за нејзино чистење. Резултатите ме оставија без зборови.
Редовно ја чистам машината со оцет, но дури кога го пробав ова, видов всушност какви се гадости се кријат во мојата машина за перење алишта.
Во Фејсбук групата “Mums who clean” една жена сподели фотографии од своето откритие, а жените од групата истовремено беа и згорзени, но и самите едвај чекаа да го испробаат овој метод за чистење на машината за алишта.


“Верувале или не, само седум дена пред ова ја пуштив машината како и секогаш да сврти еден програм за чистење со оцет и топла вода.
Секогаш мислев дека тоа е доволно, но потоа ми кажаа за овој трик со таблета за машина за садови. Одлучив да го пробам” – вели оваа мајка.
Трикот, како што вели таа, се состои во тоа што, наместо детергент за перење алишта, се става таблета за садови и се пушта машината да си го одработи циклусот. Ќе забележите купишта нечистотија за која не сте ни знаеле дека ја имате во машината.
“Барабанот ми блеска како никогаш порано, а во водата која ја пуштив да тече во када, забележав и поголеми парчиња стврднат бигор и нечистотија. Се згрозив кога видов што сè излезе низ цревото” – вели оваа мајка.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.