По осми пат Меркел најмоќна жена во светот

Американскиот бизнис магазин “Форбс“ ја објави листата на сто најмоќни жени во светот за 2018. година. На првото место по осми пат е германската канцеларка Ангела Меркел. Иако според “Форбс“ поради тоа што нема да се кандидира на изборите во 2021. година нејзината иднина е неизвесна , неспорно е влијанието што Меркел го има како лидерка на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) и како канцеларка на Германија.
Втора највлијателна жена на светот е британската премиерка Тереза Меј, која во последните две години е на насловните страници, а веднаш зад неа е директорката на Меѓународниот монетарен фонд, Кристин Лаград.
Петта на листата е британската кралица Елизабета Втора, а шеста советничката во Белата куќа, Иванка Трамп.
На тринаесетото место на листата на “Форбс“ е хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ, на седумнаесетото високата претставничка на Европска Унија Федерика Могерини, а на дваест и првото место е српската премиерка Ана Брнабиќ.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.