По патиките долги 1 метар, следува ова: Дали би издвоиле 95 евра за папучи во облик на леб?

Естонскиот рапер Томи Кеш, во соработка со францускиот луксузен бренд „Maison Margiela“ претстави папучи кои имаат облик и изгледаат на векна леб.
Кеш за првпат ги претстави ваквите папучи уште во 2019 година во склоп на изложбата со американскиот моден дизајнер Рик Овенс. Внатрешноста на папучите изгледа како средишниот дел на бел леб, додека однадвор изгледаат на свежо печена векна.


Се чини дека необичниот дизајн е карактеристичен за естонскиот рапер кој претходно овој месец претстави патики долги 1 метар кои ги дизајнирал во соработка со спортскиот бренд „Adidas“.
Папучите во облик на леб кои го носат логото на „Maison Margiele“ можат да се купат преку веб продавницата на брендот, а за нив е потребно да издвоите 95 евра.
Папучите се претставени во склоп на колекцијата која содржи и парчиња со потпис на Кеш, но и пакување вакумирани нудли со логото на модната куќа.
Покрај калориите и нутритивните податоци, на пакувањето се наоѓа и предупредување: „Ова е колекционерски предмет. Овој производ не е за консумирање. Јадете само на сопствен ризик“. Пакувањето нејадливи нудли со потпис на Кеш и „Maison Margiele“ изнесува 12 евра.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.