По подолго време Црвенковски се појави на јавен настан

Првпат откако е поранешен претседател Бранко Црвенковски се појави во јавност на политички настан во Подгорица, Црна Гора.
Црвенковски кој не дал никаква изјава за промена на името на државата и уставот учествувал во формирање на група на јужноевропски државници со цел зацврстување на добрососедските релации и промоција на вредностите на ЕУ, пренесе “24Инфо“.
Тој е дел од новоформираниот Подгорички клуб на екс политичари од регионот формиран од страна на претставници на Македонија, Србија, Македонија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Словенија и Косово. Клубот е формиран за да понуди визија за Западен Балкан, како заедничка стратегија за интеграција во ЕУ. Идејата на клубот е да се фокусира на иднината а не на минатото, вели Вујановиќ според кого на регионот кој е дел од ЕУ стратегијата за проширување му е смачено од чекање. Основачи на клубот се поранешните претседатели на Црна Гора, Македонија и Словенија, Филип Вујановиќ, Бранко Црвенковски и Данило Тирк, поранешниот претседавачки член на Босна и Херцеговина, Златко Лугумџија, како и поранешните премиери на Хрватска и на Србија, Јадранка Косор и Мирко Цветковиќ.
На следната средба на клубот од екс ЈУ просторите која ќе се одржи во Загреб или Љубљана ќе биде упатен повик до ЕУ да започне преговори со Албанија и Македонија.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.