По сите шпекулации за разводот, Северина и Игор првпат заедно во јавност

Пејачката Северина Којиќ периодов има големи причини за радување. Имено, неодамна таа го издаде својот нов албум кој ја освои публиката.
Кога станува збор за нејзиниот приватен живот, во последно време медиумите често ја разведуваа од нејзиниот сопруг Игор Којиќ.


Меѓутоа, таа вчера покажа дека тоа само се шпекулации и дека многу е заљубена во својот сопруг.
Имено, парот се појави на промоција на филмот „Последниот Србин во Хрватска“, а пејачката блескаше во црн фустан во кој хи истакна нејзините облини.
Игор не престанал да се смее додека позира со својата сопруга, па може да се забележи дека нивната љубов цвета.
Од пишувањата дека Северина го оставила Игор и дека парот се разведува нема ништо.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.