четврток, 26 ноември 2026
Најново

По трите неуспешни брака пејачката бара нова љубов- Наташа Беквалац призна колку време не била со маж, па фановите веднаш се загрижија

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Наташа Беквалац зад себе има три брака, две деца и вели дека конечно сфатила дека за среќа не и треба маж и дека низ животот може да се бори сама.
– Не сум била со маж откако се породив по втор пат. Еве веќе две и пол години сум сама и ми годи што сум слободна. Секогаш мислев дека морам да имам некого крај себе за да бидам исполнета и среќна, а всушност сега се чувствувам подобро од кога било. Порано не умеев да сум сама. Самотијата ме плашеше, па можеби заради тоа влетував од врска во врска. Или некои ви рекле – од брак во брак. Сега сум зрела жена, па сфатив дека тоа не е добро. Доволна сум си на сама себе, рекла пејачката.
Признала дека не бега од нова љубов, но дека не ја бара по секоја цена. Како и дека ќе треба да помине уште некое време за да биде подготвена да сака некој маж.

Поврзани вести