По труењето на свадбарите: Запленети 300 килограми затруени пирошки, се произведувале дома

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство, вчера доцна попладне извршија запленување и уништување на 300 килограми небезбедна храна (смеса за подготовка на пирошки) затекнати при инспекциската контрола во објект што не е одобрен и регистриран од Агенцијата за храна и ветеринарство.
-Спроведената истрага утврди дека небезбедните пирошки, кои предизвикаа дополнителни труења со храна, по Штип и во Кочанско, се произведувале нелегално, во домашни услови, во објект што се наоѓал непосредно над операторот со храна ДПТУ „Гицов“ ДООЕЛ од Кочани, кој на 25 април беше затворен од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство и Државниот санитарен и здравствен инспекторат, се вели во соопштението на АХВ.
Небезбедните производи се повлечени и уништени, меѓу кои и пирошките што биле дистрибуирани на пазарот.
Со одземањето и спречувањето на нелегалното подготвување и дистрибуирање на небезбедните пирошки и нивно нештетно уништување под надзор на инспектор за храна, затворена е истрагата за овој случај на труење со храна за што сторителот на делото ќе биде прекршочно и кривично гонет од страна на надлежните државни органи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.