По ураганот “Мајкл“ на Флорида како да паднала атомска бомба

Ураганот “Мајкл“ уништи домови, бизниси, патишта и инфраструктура. Во најтешко погодените делови на Флорида, куќи беа откорнати од темелите и паднаа голем број дрвја. Ураганот донесе со себе ветрови од 250 километри на час, за потоа да му се намали интензитетот откако сврте кон североисток.
Шест луѓе загинаа, меѓу кои и 11-годишно девојче, додека на 370.000 луѓе им беше наредено да се евакуираат. Милиони домови во шест сојузни држави останаа без струја.
Мексико Бич, град со околу илјада жители на Флорида е целосно збришан, а огромни штети се забележани и во гратчето Лонг, низ кој ураганот поминал со најголема силина.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.