петок, 27 ноември 2026
Најново

По Шведска, се надеваме Косово е на ред за прием во НАТО

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај





ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Лидерот на Алијансата за иднината на Косово (ААК), поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај, ја поздрави денешната официјализација на зачленувањето на Шведска во НАТО, оценувајќи дека Северноатлантската алијанса се зајакна со приемот во своите редови на таа скандинавска држава, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во објава на својата страница на Фејсбук, Харадинај изрази надеж оти „сега е на ред Косово“ да стане членка на НАТО.

„Политичко-воениот сојуз – НАТО, се зајакна со приемот на Шведска како нејзина 32-ра членка. Се надеваме дека сега е на ред Косово“, напиша Харадинај.

– Реклама –








Поврзани вести