По 7 јуни седница за мандатот на Груевски и за избор на нови министри

 Денес претседателот на Собранието, Талат Џафери информираше дека првата наредна седница на која би се гласало за одземање на мандатот на поранешниот премиер, Никола Груевски би се одржала по 7 јуни, а доколку стаса предлог од премиерот Заев би се избрале и нови министри. На средба со новинарите Џафери истакна дека од формален аспект нема пречки двете точки да бидат ставени на иста седница.
Во однос на Законот за Јавното обвинителство тој порача дека партиите се уште разговараат и дека би можело да биде донесен до крајот на јули, дури и ако биде поднесен во редовна постапка.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.