четврток, 12 ноември 2026
Најново

Правите голема грешка ако лубеницата ја ставате во фрижидер, еве зошто треба да престанете со тоа

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Истражување кое било направено од американското Министерство за земјоделство покажува дека сите ние кои лубеницата пред консумирање ја ставаме во фрижидер правиме грешка.
Имено, како што велат експертите, лубеницата треба да ја држите на собна температура за да ги задржи сите хранливи состојки кои ги има. Кога е студена, лубеницата губи најголем дел од витамините и хранливите материи.
Уште една работа која научниците ја откриле е дека лубеницата продолжува да создава витамини и хранливи состојки и откако ќе биде наберена, но повторно, само ако е на собна температура. Кога ќе ја ставиме во фрижидер, тој процес значително се успорува.


Во рамките на истражувањето научниците 14 дена ставале лубеница на 21, 12 и 5 степени и се докажа дека оние кои биле чувани на 21 степен имаат 40 отсто повеќе ликопен и од 50 до 139 отсто повеќе бета каротен.
-Секоја намирница во фрижидерот губи здрави материи. Затоа лубениците треба да се купат онолку колку што ќе пресметата дека ќе изедете и веднаш да ја консумирате. Ако ви остане, најдобро е да ја изблендирате и замрзнете, па оставете за есен или зима. Секогаш за секое овошје, поголема корист е ако ја консумирате веднаш или неисечена да ја замрзнете, а најмногу хранливи материи се губат кога исечена ја ставаме во фрижидер, велат научниците.

Поврзани вести