Православните верници денес го празнуваат Св. Спиридон-заштитник на чевларите

Свети Спиридон живеел во четвртиот век на островот Кипар. Родителите му биле прости луѓе и тој од младоста чувал овци. Кога му дошло времето, се оженил, но наскоро останал вдовец, па целиот свој имот почнал да го користи за да им помага на бедните. Подоцна бил избран за епископ во кипарскиот град Тримитунт. Господ го прославил овој чудесен човек со даровите на чудотворство и прозорливост. Откако добро и послужил на Црквата, се упокоил во 350 година. Неговите мошти се пренесени во седмиот век во Цариград, а во времето на турското освојување биле пренесени на грчкиот остров Крф. Се верува дека дури го запрел и текот на реката, воскреснал неколку мртовци, а ги излекувал и царот Константин од тешка болест.
Свети Спиридон, според верувањата, на еден трговец му продал 100 кози, а овој знаејќи дека Спиридон никогаш не ги брои парите, му исплатил само 99 кози, а за едната молчешкум си ги задржал парите. Кога трговецот тргнал да ги потера козите, сите поминале освен една. Се спротивставувала и не сакала да појде со него. Тогаш Свети Спиридон му се обратил на човекот кој сакал да го измами: „Животното ова не го прави залудно. Да не си ја задржал нејзината цена?” Посрамениот трговец признал дека за неа не дал пари, а потоа ја исплатил и таа коза и таа веднаш тргнала по него.
Св. Спиридон е заштитник и празник на чевларите, за многу години.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.