Пратениците гласаат за амандманите: 18% ДДВ за онлајн нарачки во Македонија

Пратениците гласаа за амандмани со кои ќе се воведе ДДВ од 18% за нарачки до 22 евра за онлајн продавници од странство како што се „Тему“, „Шеин“, „Али експрес“. Овие нарачки досега беа ослободени од даноци.

59 пратеници гласаа „за“, а 12 беа против. Ова практично значи зголемување на цената за нарачки до 22 евра, кои досега не се оданочуваа.

Заменик-министерот за финансии, Николче Јанкуловски, рече дека целта е да се заштитат нашите мали трговци. Тој рече дека ова ослободување веќе е укинато во Србија и Црна Гора, а во тек е негово укинување и во Албанија.

Главната причина за донесување на оваа промена е да се создаде појасна законска рамка, да се спречат злоупотреби и да се обезбеди пофер и порамноправна положба за малите бизниси во Република Македонија и оние во странство при плаќање на ДДВ.

„Исто така, би сакал да нагласам дека од 1 јули 2021 година, Европската Унија, со директива, исто така го воведе, односно го отстрани, ова ослободување“, рече Јанкуловски.
The post Пратениците гласаат за амандманите: 18% ДДВ за онлајн нарачки во Македонија appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: