Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ поднесоа иницијатива за Истражна комисија за случаите „Пулс“, „Модуларна болница“, „Дурмо Турс“ и „Беса Транс“

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ денес до Собранието поднесоа Иницијатива за формирање Истражна комисија за утврдување на околностите на постапувањето на институциите во врска со трагедиите и несреќите во земјата.

Целта на оваа Истражна комисија, како што изјави на прес-конференција пратеникот Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ, е да утврди одговорност на службени лица, јавни функционери и други поврзани лица, како и да ги утврди околностите на постапувањето на институциите во врска со пожарот во дискотеката во Кочани, пожарот во модуларната болница во Тетово, сообраќајната несреќа „Дурмо Турс“ во Ласкарце и сообраќајната несреќа „Беса Транс“ во Бугарија.

Стојаноски рече дека иницијативата е потпишана од 77 пратеници и дека ова е доказ дека не сакаат да ги политизираат овие трагични настани, туку дека сакаат да им помогнат на засегнатите да добијат правда.

„На сите прашања мора да се одговори, а сите случаи мора да го добијат потребниот епилог“, рече Стојаноски.
The post Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ поднесоа иницијатива за Истражна комисија за случаите „Пулс“, „Модуларна болница“, „Дурмо Турс“ и „Беса Транс“ appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: