Прашањето кое мора да му го поставите на вашиот партнер, пред да почнете да живеете заедно!

Не постои вистинско време за живеење заедно, бидејќи тоа кај секој пар е различно, но постои една работа која на сите им е заедничка, а тоа е прашањето кое мора да му го поставите на вашиот партнер, пред да се одлучите за тој чекор.


Страницата “Rent” спровела анкета, преку која сакала да открие која е причината поради која паровите во врската најмногу сакаат кога се зборува за почеток на заеднички живот, а одговорот може да ве изненади. Во анкетата, на 1000 парови им било поставено прашањето: Што би сакале да решите со партнерот, пред да започнете заеднички живот, а прашањето кое го навеле најголем дел од паровите било: Како ќе го поделиме плаќањето на сметките?
Покрај тоа, 16% од паровите признале дека поделбата за плаќањето на сметките им била најтешка тема за разговор.


Меѓутоа, иако разговарањето на тие теми може да биде непријатно пред да се вселат заедно, одложувањето на разговорот само ќе ја отежне и влоши ситуацијата. Затоа ги советуваат паровите, сите прашања во врска со плаќањето на сметките да ги расчистат пред да се вселат во заеднички дом.
Повеќето парови тој проблем го решаваат такашто секој плаќа половина од сметките, а други наоѓаат поинакви начини, со што плаќањето на сметките би било поправедно.
Кој и начин да го изберете, најважно е навреме да разговарате за тоа со партнерот, со што би избегнале било какво непријатно изненадување, кога ќе почнете да живеете заедно.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.