петок, 27 ноември 2026
Најново

Првата реакција на канцеларијата на Нетанјаху откако Хамас се согласи со планот на Трамп: „Израел е подготвен“

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се огласи откако Хамас се согласи со предлогот на Трамп за прекин на војната во Газа.Во соопштение за медиумите, Канцеларијата изјави дека се подготвени да соработуваат со Трамп кога станува збор за сите фази од прекинот на огнот.„Израел е подготвен веднаш да ја спроведе првата фаза од планот на Трамп за итно ослободување на сите заложници“, се вели во соопштението од кабинетот на Нетанјаху.Тие изјавија дека принципите на Израел одговараат на визијата на Трамп.„Ќе продолжиме да работиме во целосна соработка со претседателот и неговиот тим за да ја завршиме војната во согласност со принципите утврдени од Израел, кои одговараат на визијата на Трамп за завршување на војната“, рекоа тие.Во соопштението не се споменува повикот на Трамп до Израел веднаш да ги прекине нападите врз Газа, што американскиот претседател го оцени како неопходно за да се обезбеди безбедно и брзо ослободување на заложниците.

Поврзани вести