Првата сопруга на Илон Маск ја откри неговата најтемна страна: Ги родила неговите пет деца, а морала да се потпише на хартијата која ѝ го уништила животот (фото)

Милијардерот Илон Маск има 17-годишни близнаци Грифин и Хавиер и тројка, 15-годишниот Демијан, Саксон и Каи со неговата поранешна сопруга, канадската писателка Џастин Маск.  Поранешните сопружници имаа и син Невада, кој почина во 2002 година на 10-годишна возраст од синдром на ненадејна cмрт. Милијардерот исто така беше во брак со актерката Тулула Рајли од 2013 до 2016 година, а своевремено се забавуваше и со Амбер Херд.Детал од животот со Маск еднаш откри Џастин и го шокираше светот. Имено, додека многумина мислеа дека нејзиниот живот со богаташ е слатко-кисел, тоа не беше ни блиску до вистината. Пред десет години, во списанието Мери Клер објави шокантна исповед за темната страна на животот со богат претприемач.– Кон крајот на пролетта 2008 година, мојот сопруг Илон Маск поднесе барање за развод по осум години брак и пет деца. Шест недели подоцна, тој ми испрати порака дека е свршен со убавата британска актерка, Тулула Рајли, која е во раните дваесетти години и се преселила во Лос Анџелес поради него. Тогаш помислив дека мојот живот со тој човек се претвори во клише – откри тогаш Џастин.Таа додала дека е негова „стартер сопруга“, објаснувајќи што сакала да каже со тоа. Имено, тие се запознале додека Илон бил уште студент, а таа ги поминала сите негови подеми и падови со Маск, па тој на крајот ја заменил со „нова манекенка“. Таа напишала и дека поради договорот кој го потпишала два месеци по венчавката останала без ништо што го стекнала во брак.-Ми рече дека мора да одиме кај адвокат кој ќе ни помогне околу финансискиот договор на кој инсистира неговата компанија. Кога го погледнав зачудено, рече дека тоа не е предбрачен договор – откри Џастин.Сепак, беше токму таков договор за кој зборувавме. Таа го потпишала во незнаење, а со потпишувањето се откажала од правата што и припаѓале како легална сопруга. Ја добила само семејната куќа во Лос Анџелес, која ќе ја наследат нејзините деца. Покрај тоа, таа потпишала и дека ништо што тие го кажале за време на бракот, како и никакви сцени, не треба да се споменува во судската постапка.-Потпишав затоа што слепо му верував. Зошто брак ако не му верувам? Бевме сродни духови. Верував дека никогаш нема да се разделиме. Животот без него ми беше незамислив – додала таа.

Пронајдете не на следниве мрежи:

©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.