Бренд Коперни, со помош на Американската вселенска агенција ( НАСА ), ја дизајнираше својата најнова иновација – женска чанта направена од 99 отсто воздух и 1 отсто стакло. View this post on Instagram A post shared by coperni (@coperni)Чантата „Air Swipe“ , која има неверојатен состав, ја измислил професорот Јоанис Михалудис со помош на револуционерниот аергел на НАСА направен од наноматеријали од силициум диоксид.Овој материјал е опишан како многу нежен и нераскинлив, а новата чанта е најголемиот артикл направен од овој материјал.Пред да влезе во светот на модата, НАСА го користеше овој материјал за собирање ѕвездена прашина, бидејќи може да издржи екстремна топлина и притисок 4.000 пати поголема од неговата тежина. View this post on Instagram A post shared by coperni (@coperni)Еден следбеник на Инстаграм се запраша дали оваа чанта е само украс или има практична намена, а тимот на Коперна одговори:„Може да држи iPhone ;)“.Coperni е бренд кој се етаблира како лидер во футуристичката мода и е познат по авангардните производи кои ги поместуваат границите.На пример, тие претставија фустан создаден со помош на спреј, кој го носеше супермоделот Бела Хадид. View this post on Instagram A post shared by PeepingMoon: Bollywood News (@peepingmoonofficial)По тој Интернет спектакл со познатиот супермодел, брендот потоа ги пушти роботите на својата писта за шоуто есен/зима 2023 година.Минатата сезона, Coperni претстави револуционерна верзија на својата популарна чанта „Swipe“, онаа која функционира како ЦД-плеер.
Пронајдете не на следниве мрежи:



