Првиот робот кој готви паеља

Вкусниот шпански специјалитет отсега во Мадрид се приготвува и од страна на робот.
Роботот Mimcook е изработен од компанијата Brobot5 според идејата на Сержи Ескола и Енрике Лиљо. Тој има електронска контрола на оганот со што готвењето е комплетно автоматизирано.
„Mimcook е првиот робот со автоматска контрола на готвењето кој самостојно раководи со сите готвачки системи, на начин што на секој шеф би му бил одличен помошник. Ние го снимаме она што сакате да биде направено, како да се регулира оганот, инструкциите кои корисникот треба да ги следи, кога да се додадат состојките, а роботот ќе се покрижи за перфектно готвење“, објаснува Ескола.
Според Лиљо, целта на роботот не е да го замени човекот како шеф во кујната, туку пред сѐ да му биде помошник како еден вид на човечко-роботски тим. Роботот би можел да се програмира да подготвува и други гастрономски специјалитети.
„Ова е систем на стандардизација на кујната, употребуваме роботика за соработка која може да им помаѓа на луѓето со повторувачки задачи без чувство на замор. На тој начин ги ослободуваме луѓето од овие задачи, па тие можат да станат поангажирани во оние работи кои нѐ прават различни од роботите, а тоа е креативноста“, вели Лиљo

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.