Првото пиво со сладолед произведено во Њујорк

Пиварницата „Кептен Лоренс“ од Њујорк го произведе првото пиво со сладолед. Фабриката за пиво во соработка со производителот на сладолед „Карвел“ ја лансираа првата серија од оваа невобичаена мешавина на чоколаден деликатес со пиво.
Станува збор за темно пиво со чоколаден сладолед, кое содржи шест проценти алкохол.
Според производителот, пивото оди добро во комбинација со чадена храна и чоколадни десерти.

Првите количини од ова пиво се веќе распродадени, а од пиварницата најавуваат нова серија до крајот на неделата

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.