Прво издание на урбаниот фестивал Андерфест

Во петокот 05.04.2019 година започна првото издание на урбаниот фестивал Андерфест. Фестивалот се одржува во просториите на Public Room (Јавна Соба) во Скопје и ќе трае до недела 07.04.2019 год.
На првата вечер од фестивалот присуствуваа околу 200-250 луѓе кои имаа можност да видат седум извонредни настапи на еден поинаков фестивал кој за првпат на исто место во три дена собира преку 40 артисти од македонската алтернативна сцена.
Се беше добро и навремено организирано па првиот настап на кратовчаните “Илузија“ започна во закажаниот термин во 20:15 часот со што официјално беше отворено првото издание на Андерфест. Младите кратовчани енергични како и секогаш достојно го отворија фестивалот. По нив на сцената на Андерфест настапија Sincrest кои со одличен настап ја размрдаа публиката.
Наредни настапија легендарните скопски рокери Cruel/Крул кои после 19 години повторно настапија на сцената на огромно задоволство на публиката која во голем број дојде токму за да го проследи овој нивен настап.
Арт рокерите Фуснота продолжија со истата енергија и уште пожесток ритам да ја држат публиката тетовскиот инди рок состав Keurdath беше следен за настап на сцената. Нивниот настап ја доведе публиката до лудило, а харизматичниот фронтмен Spatim беше во постојана комуникација и интеракција со публиката што допринесе овој настап да биде запамтен како еден од подобрите таа вечер.
“Визија“ беа следни. Професионални како и секогаш, одлични инструменталисти и вокалисти им се претставија на публиката во одлично светло со својот “бест офф“ репертоар. Публиката ги пееше нивните песни, а на крајот беа повикани на бис со што го заокружија својот одличен
настап.
Првата вечер имаа чест да ја затворат КАИН со прекрасен настап. Извонреден мелодечен рок ја понесе публиката која можеше само да посакува оваа вечер да траеше повеќе.
Во саботаа настапија Beatrix Crew, Credo, Roma Rock School, Јована Здравевска, Марија Бабамова, Дукоска, Деспина Спасовска, Ени Анжич, Ема Смилевска, Ангел Јунтев, Драгана Јовановска, Мина Блажев, Сара Гигова, Марија Спасовска, AleX & MazneX, Vlado ‘Yo, The Hood, Reinconnected, Misanthrope, High Voltage, Sound Waves, Фосфен.
Денес, фестивалот ќе го затворат:
16:00-16:25 – Eat the Beat
16:30-17:10 – Гитара Пет
17:10-17:50 – Music House Band
18:00-18:30 – Replay
18:30-19:10 – Анастас Китановски
19:10-19:40 – Kenny the Heartist
19:40-20:10 – Orange Groove
20:10-20:45 – Bad Obsession
20:45-21:30 – Зулу 3.4

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.