МВР информира дека синоќа во 20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул. „Крсте Мисирков“ во Скопје, патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(25) од Скопје, удрило во пешакот А.И.(19) од с. Арачиново, скопско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 19-годишната девојка и била пренесна на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Полицијата соопшти дека бил извршен увид на местото на настанот од страна на СВР Скопје.



