МВР информира дека вчера попладне во 12:26 часот во СВР Штип е пријавено дека на ул. „Сремски Фронт“ во Штип, патничко возило „шкода октавија“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Ј.М.(63) од Штип, удрило во пешакот М.С.(62) од Штип.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.С., констатирани во Клиничка болница Штип.
Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Штип.



