Предиграта е најважниот дел од добриот секс, неколку совети како да ја започнете

Предиграта е многу важен дел од добриот секс, тоа ќе ви го каже секоја жена, но мажите баш и не се воодушевени од тоа и често го сметаат за досадна обврска.
Занемарувањето на предиграта пред односот само ќе ве доведе до фрустрација, а постојат големи шанси жените поради тоа да не доживеат оргазам.
Ако имате потешкотии како да ја започнете предиграта, страницата Men’s Health ви открива неколку трикови со кои жените ќе ги доведете до лудило.
Масажа
Кога се загревате за главниот настан, започнете да ѝ ги масирате нозете од бедрата па сè до глуждовите. Потоа фокусирајте се на стапалата, масирајте ги од петите до прстите.


Прашајте ја што ја возбудува
Кога сте во недоумица, едноставно прашајте што сака за време на сексот.
“Поголемиот дел од жените ги ценат мажите кои сакаат да ги задоволат. Ако жената забележи дека се трудите да ја задоволите сигурно услугата ќе ви биде возвратена”, рекла професорката по психијатрија на Универзитетот Корнел Барбара Бартлик.
Фокусирајте се на квалитетот
Подобрете го квалитетот на предиграта и никогаш повеќе нема да ви досадуваат за нејзината должина. “Немојте да го правите тоа само за да ја задоволите формата, таа тоа ќе го забележи и ќе ѝ биде потребно повеќе време да се возбуди”, рекол сексуалниот терапевт Мајкл Пери.
Со други зборови, уживајте во тоа што го правите.
На почетокот опуштете се
Да, клиторисот е местото на кое треба да се насочи вашето внимание. Сепак, многу мажи во тоа грешат.


“Директната стимулиација на клиторисот всушност може да биде болна”, рекла авторката на книгата “The Good Vibrations Guide to the G-spot”. Додала и дека стимулирањето на клиторисот не смее да биде упорно и постојано.
Проширете го својот репертоар
Постојат многу начини да го проширите својот репертоар во оралниот секс и секогаш треба да барате нови потези и да комбинирате работи. За почеток, обидете се да легнете вертикално и да го милувате нејзиниот клиторис со хоризонтални движења.
Истражете го нејзиното тело
За време на сексот немојте да се фокусирате само на нејзините гениталии. Телото е полно со ерогени зони како вратот, бедрата и градите.
“Гениталиите се фасцинантни и забавни, но обидете се да поминете некое време фокусирајќи се на целото тело на вашата партнерка, наместо директно да преминете на нејзиното меѓуножје”, советува Кеси Фулер.
Не зборувајте премногу
Внимавајте што зборувате додека се обидувате да ја возбудите жената.
“Чудни, клише фрази можат да влијаат на расположението на жената и набрзо да опадне”, рекла Ејприл Масини.
Бакнежите се важни
Најголемото еротско задоволство за жената доаѓа од долг романтичен бакнеж и тоа е најбрзиот начин да се вратите во игра доколку таа губи интерес.
Пофалете ја
Кога таа ќе направи чекор и иницира секс, задоволете ја така што ќе ѝ покажате дека го цените тоа што го направи, бидејќи жените не се секогаш сигурни во себе кога ќе го направат првиот чекор.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.