четврток, 12 ноември 2026
Најново

Предлог-законот за пушење на 24 март на владина седница, нови правила за угостителите

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Во вторник на владина седница ќе биде ставен Предлог-законот за заштита од пушење, а потоа и процесуиран во Собранието.
Министерот за здравство Азир Алиу денеска изјави дека сите отворени прашања во врска со законот се затворени и очекува дека со него ќе се намали бројот на пушачи за 45 проценти.
– Немаме некое прашање поврзано со законот коешто не е третирано и ценам дека многу брзо нашата земја ќе биде и препознаена и во Европа. Се надевам дека за две години исто така ќе имаме прес-конференција за намалување на пушачите во државата од 45 проценти да се надеваме дека таргетот ќе се стави под 20 отсто, рече Алиу на прес-конференција.
Со Предлог-законот ќе биде дозволено терасите со две отворени страни во угостителските објекти да бидат простори каде ќе биде дозволено пушење, како и терасите кои имаат отворен кров.
Угостителските објекти ќе имаат обврска да имаат посебен влез за делот каде ќе се пуши со цел да се одделат просторите за пушачи и непушачи.

Поврзани вести