Предупредување за вакцината на Pfizer: Не може секој да ја прими

Здравственото регулаторно тело на Обединетото Кралство ги предупреди луѓето кои имаат историја на сериозни алергиски реакции, дека засега не треба да ja примаат вакцината на Pfizer против коронавирусот, бидејќи во вторникот две лица имале алергиски реакции, соопшти денеска Националната здравствена служба (NHS).
Двајца членови на NHS кои ја примиле вакцината првиот ден од масовната вакцинација во Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, добиле алергиска реакција, објави Guardian, повикувајќи се на PA Media.


Затоа, Здравствениот регулаторен орган (MHRA) предупреди дека секој што има посилни алергиски реакции на лекови, храна или вакцини, не треба да ја прима вакцината на Pfizer/BioNTech.
NHS ги извести сите пунктови за вакцинација во Англија за ова предупредување.
Тоа значи дека секој што е на програмата да прими вакцина денес, ќе биде прашан дали претходно имал проблеми со алергиски реакции. Професорот Стивен Пауис, еден од директорите во NHS за Англија, рече дека „MHRA даде ваков совет како мерка на претпазливост, бидејќи две лица добија алергиска реакција во вторникот“.
„Тие две лица добро се опоравуваат“, додаде тој.
Обединетото Кралство е прва земја во светот што ја одобри употребата на вакцината на Pfizer/BioNTech, додека САД сè уште не го сториле тоа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.