Предупредување за возачите: Внимавајте на одрони низ клисурите

Сообраќајот на државните патишта во земјата се одвива непречено и коловозите се суви, информираат од „Македонија пат“.

Сите патни правци се проодни, но на одредени делови кои поминуваат низ усеци и клисури може да се појават поситни одрони.

„Македонија пат“ апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодување на брзината според условите на патот.

Дежурните екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни, со цел безбедноста на возачите да биде максимално обезбедена.

Пронајдете не на следниве мрежи: