Пред доаѓањето на Ципрас на Владата ставена табла со Северна Македонија

Вчера попладнето ден пред посетата на Алексис Ципрас кој утрово пристигна во посета на Македонија на владината зграда на “Илинденска“ б.б е поставена табла со новото име Република Северна Македонија. На таблата името е напишано на три јазици, на македонски, на албански и на англиски. Таблата е поставена на десната страна од влезот во зградата на владата, пишува “Телма“. Претходно на врвот на зградата стоеше натпис Влада на Република Македонија, но буквите беа симнати на 11-ти февруари.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.