Пред една недела била закована за болничкиот кревет- австралиската претставничка на Евровизија со болна преживена приказна

За настапот на австралиската претставничка Кејт Милер денеска зборува цела Европа.
Некои ги потсетува на Елза, додека други се воодушевени од нејзиното лебдење на сцената, но сепак зад пејачката се крие тажна приказна поради која многумина не би се појавиле на овој натпревар.
Имено Кејт која се претстави со песната „ Zero Gravity“ која ја напишала заедно со сопругот говори за постподоилната депресија, а само една недела претходно таа се опоравила од инфекција која ја добила носејќи високи потпетици.

-Дојдов во Европа со многу сериозна инфекција која можеше да заврши со ампутација на мојата нога. Дури и ослабев, а сето тоа поради жуљевите на нозете, секој кој носи високи потпетици знае дека тие може да те убијат, но не мислела во буквална смисла на зборот, вели таа додека лежела во болничкиот кревет.

Додава дека последниот месец има многу активности и започнала да трча иако претходно била врзана за креветот.
-Не мислев дека моите планови би можеле да бидат уништени поради несреќни околности, првите денови од болницата ми се во магла, поради инјекциите и лековите против болки, вели таа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.