ПРЕД ПАТУВАЊЕТО ВО АМЕРИКА, ЗЕЛЕНСКИ ИМ ОТКРИ НА СОЈУЗНИЦИТЕ ДЕКА Е ПОДГОТВЕН ДА ПРАВИ ОТСТАПКИ: Подготвен сум да ги повлечам единиците, има само едно „НО“

Тој нагласи дека секое повлекување на војската ќе бара директни разговори со Трамп и дека договорот ќе мора да биде потврден на референдум.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина е подготвена да ги повлече тешко вооружените единици од деловите на Донбас што сè уште ги контролира, но само ако Русија го стори истото, со цел да се воспостави демилитаризирана зона како дел од евентуален мировен договор.

Според весникот, Зеленски зборувал за деталите од нацрт-мировниот план од 20 точки, кој бил дополнително разработен со Соединетите Американски Држави за време на разговорите одржани во Флорида. Тој нагласил дека секое повлекување на војската ќе бара директни разговори со американскиот претседател Доналд Трамп , како и дека конечниот договор ќе мора да биде потврден на референдум во Украина.

Зеленски рече дека, доколку има референдум, целиот документ ќе мора да им биде доставен на граѓаните за нивно мислење, а не само одредени делови поврзани со слободните или демилитаризираните економски зони. Според „Фајненшл тајмс“, украинскиот претседател сега чека одговор од Москва, додека двете страни сè уште имаат спротивставени ставови за клучните точки за завршување на војната.

Во меѓувреме, рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Москва очекува нејзините најтешки барања да бидат основа за можни мировни преговори, со порака дека руските сили продолжуваат да напредуваат на фронтот.

Зеленски повтори дека територијалните отстапки се можни само со одлука на граѓаните на референдум, како и дека демилитаризираните зони би значеле повлекување на силите од двете страни, но дека областите од кои би се повлекла украинската армија би останале под администрација и полиција на Украина.
The post ПРЕД ПАТУВАЊЕТО ВО АМЕРИКА, ЗЕЛЕНСКИ ИМ ОТКРИ НА СОЈУЗНИЦИТЕ ДЕКА Е ПОДГОТВЕН ДА ПРАВИ ОТСТАПКИ: Подготвен сум да ги повлечам единиците, има само едно „НО“ appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: