Пред повеќе од 30 години почнала со пластични операции за да изгледа како “мачка“: Била убавица, а денес изгледа шокантно

Кон крајот на 90-те години, кога пластичните операции биле табу, малку од жените го правеле тоа, а Жозелин Вајлдстајн станала популарна ширум светот благодарение на нив.
Таблоидите биле желни за деталите од приватниот живот на оваа дама која набрзо поради специфичниот изглед добила прекар “Жена мачка“.
Таблоидите за изобличеноста на Жозелин и опседнатоста со естетските корекции го обвинувале нејзиниот сопруг кој по секоја цена сакал таа да изгледа како мачка.
Оваа 64-годишна жена потрошила вкупно 2 милиони долари на различни барања, а се само за да му удоволи на Алек кој имал страст кон “големи и диви мачки“.


„Таа е луда. Секогаш последен дознавав што напарвила таа. Мислеше дека може да го коригира своето лице како да е парче мебел. Кожата не функционира така. Но, таа не слушаше“ – изјавил Алек за “Venity Fair“.
Тој брак можеби очекувано завршил со развод и тоа откако Жозелин го пронашла Алек во кревет со 21-годишна руска манекенка. Истата ноќ тој вперил пиштол во својата сопруга, а набрзо потоа следела бракоразводна парница која била една од најголемите во истријата.


Таа минатата година, по две децении молчење конечно дала интервју откривајќи дека се повлекла поради своите деца и нивниот спокоен живот, а сега кога тие се возрасни не мора да молчи.
Истакнала дека во текот на 20-годишниот брак со Алек немало само лоши работи туку спротивно – дека многу убави работи направиле заедно.
Исто така таа истакнала дека отсекогаш имала мачкести очи и дека тоа не е причината што направила пластични операции.
„Немам што да докажувам, на крајот – не ме интересира“ – искоментирала таа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.