Пред седум дена се породила со четвртото дете, па се фотографирала во долна облека: “Мојот стомак има супермоќи”

Кристијан Стадил и неговата сопруга Алис станале родители по четврти пат.
Само седум дена по породувањето, Алис на својот Инстаграм профил објавила фотографија на која позира во долна облека. На фотографијата нејзиниот стомак делува совршено рамно, а до пред само една недела бил прилично голем, како и кај секоја трудница пред породувањето.
И самата Алис била импресионирана од ваквата трансформација:


“Одамна сонувам за супермоќите на мајката од филмот “The Incredibles”, како што се нејзините еластични раце кои ги фаќаат децата каде и да одат. Моите раце не се еластични, но мојот стомак по сè изгледа има супермоќи. Мислев дека никогаш повеќе нема да имам рамен стомак и навистина е лудо… поминаа само седум дена откако се породив”.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.