Еден од повредените во тешкиот пожар во кочанската дискотека „Пулс“ се обрати до јавноста по повод едногодишнината од трагедијата. Иван Стојменов порача дека е благодарен што добил втора шанса за живот, опишувајќи како поминало неговото лекување и третман.
„Помина една година од нокта што засекогаш ми го промени животот. Нокта кога во дискотеката „Пулс” избувна пожар и се за неколку секунди се претвори во хаос, чад и страв. Ноќта кога животот и смртта беа толку блиску. Со изгореници по рацете, лицето и дишните патишта, завршив во болница во Словенија. 10 дена кома и скоро 1 месец борба… борба за здив, за сила, за живот. Докторите велат дека е критично, но Господ имаше други планови“, објави Стојменов.
Тој посочи дека денес е тука, со лузни што засекогаш ќе го потсетуваат на таа ноќ.
„Лузни што не се само на кожата, туку и во душата. Таа нок никогаш нема да се заборави. Никогаш нема да ги заборавиме лугето што не успеаа да излезат. Нивните животи и нивните приказни засекогаш ке останат во нашите срца.
Оваа година ме научи нешто што многумина го забораваат – животот е кревок. Секој ден е подарок. Секој здив е благослов. Денес сум благодарен на бога што сум жив. Благодарен на докторите, на моето семејство и на сите луге што беа покраі мене кога беше најтешко.
Животот ми даде втора шанса. И ветувам дека ќе ja живеам така како што заслужува. Никогаш да не се повтори.!!!!! Вечна им слава на починатите“, стои во објавата на Стојменов.



