Прекрасно: Снимено раѓање на делфинче во базен на отворено

Посетителите на Делфинаруимот во градот Одеса, Украина, беа сведоци на раѓањето на делфинче. На аматерска снимка од публиката, се гледа како луѓето вознемирено го опколуваат базенот, пред да се појават темно-црвени нијанси во водата, проследено со раѓањето на младенчето.
– Пред вашите очи се роди нов живот, објавија службениците на Делфинариумот на микрофон, што беше проследено со аплаузи од публиката.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.