петок, 13 ноември 2026
Најново

Преку Медитеранот во Шпанија пристигнале 45.145

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Меѓународната организација за миграција (ИОМ) денес соопшти дека Шпанија годинава примила повеќе мигранти преку Средоземно Море отколку во претходните три години заедно.
– До 21 октомври преку Средоземно Море во Шпанија влегле 45.145 мажи, жени и деца. Тоа е речиси половина од над 94.000 мигранти кои влегле во Европа по морски пат од Северна Африка, се посочува во соопштението на ИОМ.
Средоземното Море и понатаму е опасна рута за мигрантите кои се обидуваат илегално да влезат во Европа. Од почетокот на годината 1.857 луѓе загинаа обидувајќи се илегално да стигнат до Европа.

 

Поврзани вести