Премиера на евровизиската песната на Есма и Влатко

Вечер во 20:45 часот македонската телевизија премиерно ќе ја претстави песната „Империја“ на Есма Реџепова и Влатко Лозановски, која ќе ја претставува Македонија на „Евровизија 2013“ во Малме. Текстот на песната е напишан од Борче Нечовски, додека музиката и аранжманот се на Симеон Атанасов и Дејан Момировски.
Во емисија во новоопремено студио на МРТ ќе биде прикажан и официјалниот спот на евровизиската  „Империја“, а Реџепова и Лозановски ќе се претстават и со неколку свои песни, придружувани од народниот оркестар и Биг бендот.
Покрај другото македонската телевизија најави богата музичка програма со повеќе гости и многу разговори поврзани со Евровизија. Своето искуство од минатогодишната евровизија ќе го пренесе и Калиопи.Вечер во 20:45 часот македонската телевизија премиерно ќе ја претстави песната „Империја“ на Есма Реџепова

Пронајдете не на следниве мрежи: