Премиерот Заев гарантира дека сите “бомби“ се предадени во СЈО

На прашањето дали може да гарантира дека “бомбите“ не се излезени од СДСМ премиерот Зоран Заев изјави дека сите “бомби” стопроцентно се предадени во Специјалното јавно обвинителство. Тој уште додаде дека најголем дел од “бомбите” се однесувале на опозицијата, граѓанскиот сектор, бизнисмените, верските заедници и другите чинители, како и за тогашната власт.
– Очекувам истражните органи да откријат од каде потекнуваат и да постапат согласно законот. Воспоставивме закон и дел од Пржинскиот договор беше и оваа законска регулатива што е денеска е на сила и по неа треба да се постапува, изјави премиерот Заев.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.