Премиерот не се слушнал телефонски со Катица пред да и го конфискуваат мобилниот

Денес на прес-конференција премиерот Заев изјави дека тој не се слушнал телефонски со Катица Јанева, пред да и биде конфискуван мобилниот телефон. Одговарајќи на новинарско прашање во врска со наводите во некои од медиумите дека вечерта кога се апсеа Бојан Јовановски и Зоран Милески, Јанева пред да и биде одземен телефонот се слушнала со висок ексдипломат и висок функционер од Владата премиерот рече:
-Може да прочитаме се и сешто. Не сум се слушнал со Катица Јанева. Денес може да читате се. Верувам дека граѓаните може да оценат што е што, ако нешто се случило тоа можете сами да го утврдите ќе ги прашате соодветните луѓе, можете да прашате некои дипломати или поранешни дипломати, како што ме прашавте мене, но Јавното обвинителство соопшти дека било во нејзиниот дом, не е извршен претрес, но и е одземен мобилниот телефон со цел да се види нејзината поврзаност или соучество со Бојан Јовановски или пак да се увиди дали таа е злоупотребена.
Премиерот Заев, исто така, нагласи дека истрагата треба да покаже каква е улогата на Јанева и додаде дека додека не се докаже дека таа е инволвирана во криминал, важи пресумпцијата на невиност.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.