Премиер лига: На ред е лондонското дерби

Лондонските ривали, Тотенхем и Арсенал ќе го одиграат дерби натпреварот во рамките на 28. коло во англиската Премиер лига.Двата тима се наоѓаат во горниот дел од табелата, во позиција се да се борат за пласман во Лигата на шампиони, што на дербито му дава дополнителна тежина.Тотенхем е во подобра позиција на табелата, формата му е во подем, го има Герет Бејл но не може да се нарече фаворит на овој дуел.Лидерот Манчестер Јунајтед не би требало да има тешка задача против Норич, а за очекување  е на овој натпревар менаџерот Алекс Фергусон да истрча со комбиниран состав, бидејќи ’црвените ѓаволи’, во вторник, ќе го пречекаат Реал во Лигата на шампионите.Фаворитската улога во ова коло ја има и Манчестер Сити кој во Бирмингем ќе и гостува на Астон Вила.Интересен меч се очекува на „Стенфорд Бриџ“ да одиграат Челзи и Вест Бромвич Албион. „Сините“ играат по системот топло-ладно, а во четвртокот менаџерот Рафа Бенитез најави заминување од клубот по завршувањето на сезоната. Вест Бромвич од друга страна, излезе од кризата и забележа победи на последните две средби.Премиер лига 26.коло, двојки:Сабота, 2.март:Челзи-ВБАЕвертон-РедингМанчестер Јунајтед-НоричСаутемптон-КПРСтоук-Вест ХемСвонси-ЊукаслСандерленд-ФуламВиган-ЛиверпулНедела, 3.март:Тотенхем-АрсеналКолото во понеделник ќе биде комплетиранот со одигрувањето на натпреварот помеѓу Астон Вила и Манчестер Сити.
МакфаксЛондонските ривали, Тотенхем и Арсенал ќе го одиграат дерби натпреварот во рамките на 28. коло во англиската Пре

Пронајдете не на следниве мрежи: