Препораки за граѓаните за пеколната недела која ни следува- особено подгответе се за во среда

Дирекцијата за заштита и спасување, по најавите за топлотниот бран кој од утре ќе ја зафати нашата земја, препорачуваат да се почитуваат превентивните мерки и активности за заштита од шумски пожари и друг тип пожари на отворен простор.
Од Дирекцијата апелираат до граѓаните да не фрлаат цигари и догорчиња, стаклен отпад и стаклени шишиња, да не палат оган на отворен простор и во шума, отпад и друг горлив материјал и стрништа и меѓи. Редовно да се коси тревата што е во нивна сопственост, а доколку забележат пожар веднаш да ја известат Територијалната противпожарна единица на бесплатниот телефонски број 193.
Пеколни температури од +40 степени, а од среда нова голема промена
Под влијание на топол бран од понеделник следува многу топло време со максимални дневни температури кои насекаде ќе бидат над 30, а во вторник и во среда на повеќе места ќе надминат и 35 степени. Од среда до петок, во попладневите часови ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи

Прогноза за 01.07.2019
Минимална температура: 10°C до 19°C
Максимална температура: 28°С до 36°C
Сончево со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. УВ=9
Прогноза за 02.07.2019
Минимална температура: 12°C до 21°C
Максимална температура: 31°C до 39°C
Сончево и многу топло. УВ=9
Прогноза за 03.07.2019
Минимална температура: 14°C до 23°C
Максимална температура: 32°C до 40°C
Сончево и многу топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер.
Попладне во северните делови ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. УВ=9

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.