четврток, 12 ноември 2026
Најново

Престани да ги плаќаш гласачите на твојот коалиционен партнер, му порача Хајредини на Заев

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Поранешниот министер за финансии, Џевдет Хајредини на конференцијата „За општество ослободено од корупција“ која ја организираше ЦИВИЛ – Центар за слобода  истакна дека оние коишто планираат да се занимаваат со борба против корупција треба да имаат предвид две работи:
-Прво не им верувајте дека се борат против корупцијата оние коишто се најгласни, кои до сега не биле во позиција да бидат корумпирани.
Второ, кога луѓето сакаат да дискутираат за нешто најчесто имаат проблем да бидат конкретни.
Ноторна корупциска, политичка и економска грешка е господине Заев да продолжиш од буџетот на државата без никаков законски основ да ги плаќаш гласачите на твојот коалиционен партнер. Да им ги праќаш парите дома. Затоа што тие 2.000 луѓе на кои секој месец им стигаат пари, не се ни тука, а со себе носат минимум 20.000 гласачи. Тоа е невидена коруптивна дејност – рече Хајредини.

Поврзани вести